logo
logo
logo

Унгарија бара прекин на финансиската помош од ЕУ за Украина поради корупција

Vecer | 20.11.2025

Унгарија бара прекин на финансиската помош од ЕУ за Украина поради корупција

- Во Украина постои воена мафија и корумпиран систем, а претседателката на Европската комисија, наместо да ги запре исплатите и да бара итни финансиски проверки, планира да испрати уште 100 милијарди евра на Украина. Тоа е лудо, им рече Сијарто на новинарите во Брисел пред состанокот со колегите од ЕУ.

Извештаите за корупција вклучуваат истрага за наводна завера во вредност од 100 милиони долари за контрола на договарање во државната нуклеарна агенција, што доведе до смена на двајца украински министри и барања за сеопфатни мерки за враќање на довербата во раководството на земјата.

Сијарто оцени дека моменталните изгледи за Украина не се позитивни.

- Времето не е на страната на Украина. Илузија е да се каже дека е така, додаде тој.

Според него, Унгарија ќе ги поддржи мировните иницијативи на претседателот на САД, Доналд Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk