logo
logo
logo

Умеров разговараше со Калас за финансирање на украинската одбрана

Vecer | 07.03.2025

Умеров разговараше со Калас за финансирање на украинската одбрана

-Денеска во Брисел имав важна средба со високата претставничка на ЕУ Каја Калас. Разговаравме за финансирање на одбраната на Украина, напиша Умеров на Фејсбук.

Според него, Европската унија работи на нова иницијатива која ќе овозможи привлекување дополнителни ресурси за снабдување на противвоздушната одбрана со муниција и ракети, како и обука и опремување на украинските војници.

-Ние сме подготвени да создадеме заеднички потфати со водечки одбранбени компании и во Украина и во ЕУ, нагласи Умеров.

Тој им се заблагодари на Калас и на Европската унија за нивната силна позиција и поддршка за Украина. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk