Стравуваат дека цената на евентуалниот мир може најскапо да го плати токму Украина, ако остане надвор од преговарачката маса.
-Она што го прават е лудост, бидејќи тоа е проблем меѓу нас и Русија. Ако не сакаат да зборуваат искрено со нас, навистина е чудно. , вели жителка на Киев.
-За жал, во нашиот свет јас сум исплашен, повеќе нема демократија. Владее моќта на посилниот. Toa e голема штета. , изјави жител на Киев.
Првиот тест Киев ќе го има попладнево кога Зеленски го пречекува на разговори специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, која најави дека за постигнување мир неопходни се безбедносни гаранции. Зеленски порачува дека успехот е подеднакво важен и за Украина и за САД.
-Дел од мојата мисија ќе биде да седам и да слушам. Tие да ги кажат своите грижи, а потоа ние ќе се вратиме во САД и ќе зборуваме со претседателот Трамп. , вели Кит Келог, специјален пратеник на САД за Украина и Русија.
-На Америка ѝ треба успех исто како ѝ на сите нас. Заеднички успех. Нашето единство е клучно за нашата иднина, за иднина не со Путин, туку со мир. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Но, Зеленски сега се соочува и со предизвикот како да го надмине евидентниот јаз со Трамп по вчерашната вербална размена на зборови, кога украинскиот претседател рече дека американскиот лидер живее во дезинформациски меур, поттикнат од Русија. Откако прво му возврати на социјалните мрежи, Трамп потоа и јавно застана да каже што мисли за украинскиот колега.
-Помислете на тоа, скромно успешниот комичар, Володимир Зеленски, ги примора САД за да потрошат 350 милијарди долари, за да влезат во војна што не може да се добие. Диктаторот без избори, Зеленски е подобро брзо да дејствува или ќе остане без земја. Мора брзо да дејствува затоа што војната се движи во погрешна снасока. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Во меѓувреме, проструи и европскиот план што се очекува на Трамп следната надела да му го презентира британскиот премиер Кир Стармен во Белата куќа. Телеграф открива дека планот предвидува околу 30 илјади европски војници да бидат распоредени во Украина за да се обезбеди спроведувањето на евентуалниот договор за прекин на огнот, кој може да се очекува веќе во април. Стигна експресна реакција од Кремљ. секое присуство на НАТО трупи на во Украина е апсолутно неприфатливо за Русија, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата