„Уништувањето на овој објект ќе ја намали способноста на непријателот да произведува беспилотни летала и ќе го спречи рускиот агресор да нанесува удари врз цивилни објекти на украинска територија“, стои во соопштението објавено на телеграм-каналот на украинската војска.
Истовремено, руската армија погоди термоцентрала на енергетскиот снабдувач ДТЕК, соопшти компанијата, а пренесува „Укринформ“. Како последица на нападот опремата во централата е значително оштетена. Ова е осми масовен напад врз термоцентралите на ДТЕК од октомври минатата година.
Од почетокот на војната објектите на ДТЕК биле цел на напади повеќе од 220 пати, при што 55 лица се ранети, а четворица загинаа. Утринава беше пријавен и прекин на електроснабдувањето во областа Буча во близина на Киев.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата