logo
logo
logo

Украинскиот министер за надворешни работи Сибиха разговараше со раководството на ОБСЕ за промоција на мирот

Vecer | 02.02.2026

Украинскиот министер за надворешни работи Сибиха разговараше со раководството на ОБСЕ за промоција на мирот

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха денеска во Киев разговараше со претседавачот со ОБСЕ, швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу за улогата на таа организација во промоцијата на мирот, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

„Денес имав задоволство во Киев да им посакам добредојде на раководството на ОБСЕ, претседавачот Игнацио Касис и генералниот секретар Феридун Синирлиоглу. Разговаравме за динамиката на мировните напори, резултатите и очекувањата од состаноците во Абу Даби, како и за ситуацијата на бојното поле“, се вели во соопштение објавено на мрежата Икс, пренесува Укринформ.

Сибиха го информираше раководството на ОБСЕ за руските воени злосторства, нападите врз цивили и нападите врз енергетската инфраструктура, поради што многу граѓани на Украина во периодот на ниски зимски температури останаа без електрична енергија, греење и вода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk