logo
logo
logo

Украински медиуми: Саботажа во Москва пред парадата за Денот на победата

Vecer | 08.05.2025

Украински медиуми: Саботажа во Москва пред парадата за Денот на победата

Припадниците на движењето „Атеш“, составено од Украинци и Татари од Крим, кои вршат саботажа на териториите под руска контрола и во самата Русија, а кои украинските медиуми ги нарекуваат партизани, тврдат дека ја прекинале комуникацијата на неколку руски воени единици откако уништиле опрема во трафостаница во московскиот регион.

Ова го објави Киев Индепендент, кој потсетува дека Кремљ на воената парада на Денот на победата на 9 мај во Москва покани бројни странски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој до сабота е во тридневна посета на Русија.

– Агент на движењето „Атеш“ успешно извршил саботажа во селото Могилци во Московската област, уништувајќи ја опремата во трафостаницата која обезбедувала електрична и телекомуникациска инфраструктура во тој реон – пишува во објавата на „Атеш“ на Телеграм.

Киев Индипендент наведува дека не може самостојно да ги потврди овие тврдења.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk