logo
logo
logo

Украинската Врховна рада ја продолжува вонредната состојба и општата мобилизација во земјата

Vecer | 16.04.2025

Украинската Врховна рада ја продолжува вонредната состојба и општата мобилизација во земјата

Вонредната состојба и општата мобилизација ќе бидат продолжени на 9 мај од 05:30 часот и ќе бидат во сила во наредните 90 дена.

Оваа информација ја објави пратеникот Јарослав Железњак на својот канал на Телеграм.

-Парламентот по 15-ти пат во ова свикување го усвои предлог-законот број 13172, со кој се продолжува вонредната состојба до 6 август (за 90 дена), рече Железњак, пренесуваат украинските медиуми.

За продолжување на вонредната состојба, според него, гласале 357 пратеници, а еден бил против.

Радата одобри и продолжување на периодот на општа мобилизација до истиот датум.

Одлуката ја поддржаа 346 пратеници, еден гласаше против, а еден беше воздржан.

За да стапат во сила овие одлуки, тие мора да бидат потпишани од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Претходно, на 15 јануари годинава, Врховната Рада донесе одлука за продолжување на вонредната состојба и мобилизација до 9 мај.

Претседателот Зеленски претходно изјави дека вонредната состојба ќе биде укината дури по завршувањето на војната, по што ќе се одржат избори.

Тој додаде дека не се планира одложување на изборите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk