logo
logo
logo

Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила 30 руски дронови „Шахед“

Vecer | 30.09.2023

Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила 30 руски дронови „Шахед“

„Триесет напаѓачки беспилотни летала беа уништени во нашата област на одговорност од страна на силите за воздушна одбрана: 20 во регионот Виница, шест во регионот Одеса, четири во регионот на Николаев“, се наведува во соопштението на командата.

По нападот силен пожар избувна на инфраструктурна локација во Калиновка.  Властите во украинскиот регион Виница рано утринава наредиле делумна евакуација на градот.

-Во овој момент нема потреба од општа евакуација, освен во непосредна близина на погодените област, изјави  градоначалникот на Калинивка, Васил Полишчук.

Со цел да се заштити цивилното население од ширење на пожарот, локалните власти веднаш презедоа подготвителни мерки за евакуација. Но, бидејќи пожарот беше под контрола, евакуацијата беше непотребна, додаваат властите.

Нема извештаи за жртви а нема детали ни за тоа која цел е погодена или со кое оружје, пренесуваат британските медиумис.

Регионалниот гувернер Серхи Борзов само кажа дека е погодена „неодредена инфраструктурна локација“, термин што украинските власти понекогаш го користат за објекти кои произведуваат електрична енергија или за напади врз други важни објекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk