logo
logo
logo

Украинската делегација пристигна во САД на нови преговори за подготовка на мировниот договор со Русија

Vecer | 17.01.2026

Украинската делегација пристигна во САД на нови преговори за подготовка на мировниот договор со Русија

- Ќе имаме важни разговори со нашите американски партнери за деталите за мировниот договор, истакна Буданов.

Тој додаде дека во Мајами допатуваа и шефот на Украинската служба за безбедност Рустем Умеров и преговарачот Давид Арахами, кои ќе разговараат со специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и секретарот на САД за копнената војска Ден Дрисол.

- На Украина и е потребен мир. Се движиме кон резултати, посочи Буданов.

Во нацрт-договорот за завршување на речиси четиригодишната војна на Русија во Украина, неколку главни точки не се решени, првенствено територијалното прашањето.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера наведе дека делегацијата оди во САД за да ги „разјасни“ подготвените документи од Американците, за позициите на Русија.

- Доколку сè биде финализирано и американската страна даде одобрение … потпишувањето (договор) ќе биде можно следната недела, за време на Светскиот економски форум во Давос.

Трамп пред три дена изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да склучи договор“, но оти Зеленски го успорува процесот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk