logo
logo
logo

Украина со дронови нападна два руски танкера во Црното Море

Vecer | 29.11.2025

Украина со дронови нападна два руски танкера во Црното Море

Заедничката операција против бродовите, од таканаречената „флота во сенка“, ја спроведоа СБУ и украинската морнарица, изјави неименуваниот функционер.

Турските власти објавија дека вчера во близина на Босфор биле погодени два танкера, по што на нив избувнал пожар и започнала спасувачка операција.

Функционерот на СБУ изјави дека двата танкери, „Каирос“ и „Вират“, биле празни и на пат кон пристаништето Новосиријск.

„Видеата покажуваат дека двата танкера, откако биле погодени, претрпеле критична штета и се неупотребливи. Ова е значаен удар врз рускиот транспорт на нафта“, рече функционерот. 

Меѓутоа, не се наведува кога двата напади биле извршени.

Украина постојано бара построги меѓународни мерки против руската „флота во сенка“, за која тврди дека ѝ помага на Москва да извезува огромни количества нафта и да ја финансира војната во Украина и покрај западните санкции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk