logo
logo
logo

Украина: Руски војници продираат во Покровск, се водат улични борби

Vecer | 26.10.2025

Украина: Руски војници продираат во Покровск, се водат улични борби

Генералштабот на вооружените сили на Украина, соопшти дека околу 200 руски војници навлегле во градското подрачје, а руските сили, кои имаат бројна супериорност, продолжуваат да ја ескалираат офанзивата.

- Во Покровск во тек се оружени судири, а беспилотните единици активно дејствуваат. Обидите на непријателот да напредува подлабоко во градот и да се утврди во урбаните средини се потиснати со специјални операции насочени против саботери, објави Генералштабот на Војската на Украина.

Украинската страна ги опишува борбите како „многу динамични и интензивни“, истакнувајќи дека Русија ја зголемила употребата на оклопни возила во нападите во последните денови. Само во изминатите пет дена, регистрирани се 41 напад со оклопни возила по целата линија на фронтот.

И покрај тешката ситуација во Покровск, Киев тврди дека украинските сили бележат успеси во секторот Очеретјен. Во изминатите 10 дена, тие ја вратиле контролата врз населбите Кучерив Јар и Сухецке, и успеале да ослободат 185,6 километри квадратни во регионот Донецк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk