logo
logo
logo

Украина предлага уште еден круг преговори со Русија до крајот на месецот

Vecer | 02.06.2025

Украина предлага уште еден круг преговори со Русија до крајот на месецот

- И предлагаме на руската страна следниот состанок да се одржи помеѓу 20 и 30 јуни, посочи Умеров.

Тој додаде дека дотогаш треба да се договори и средба помеѓу украинскиот и прускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, на која евентуално би присуствувал и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Умеров наведе дека Украина го примил рускиот меморандум и оти Киев следната недела ќе одлучи за идните чекори.

Тој потврди дека на денешната средба во Истанбул договорена е размена на тешко повредени, тешко болни и малолетни заробеници, како и враќање на телата на загинатите војници во формат 600 за 600.

Повикуваме на вистинска работа за завршување на војната – прекин на огнот, хуманитарни мерки, средба на лидерите. Ако Русија е сериозна, ќе се согласи. Но, ако не, ќе мора да уследат нови санкции, наведе Умеров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk