logo
logo
logo

Украина објави карта: Ова е за слепите Унгарци, чекаме објаснување

Vecer | 27.09.2025

Украина објави карта: Ова е за слепите Унгарци, чекаме објаснување

„За слепите унгарски функционери. Точната рута на вчерашното упадување на беспилотно летало од Унгарија во украинскиот воздушен простор. Нашите вооружени сили ги собраа сите потребни докази и сè уште чекаме Унгарија да ни објасни што правел овој објект во нашиот воздушен простор“, напиша Сибиха, пренесе украинска Правда.

Унгарците вчера: Зеленски почнува да го губи разумот

Објавата доаѓа еден ден откако унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави на Фејсбук дека претседателот Володимир Зеленски „почнува да го губи разумот“ поради, како што рече, антиунгарското расположение.

„Сега гледа чудовишта“, напиша Сијарто, реагирајќи на тврдењето на Зеленски дека извидувачките дронови го нарушиле воздушниот простор на Украина и веројатно им припаѓале на Унгарците. Украинскиот претседател, според прелиминарниот воен извештај, рече дека леталото дошло од Унгарија за да го испита индустрискиот потенцијал на пограничните области.

Киев и Будимпешта долго време имаат напнати односи. Унгарија е членка на Европската Унија и НАТО, две организации кои ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија, но унгарскиот премиер Виктор Орбан е отворено скептичен кон западната воена помош за Киев и одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk