logo
logo
logo

Украина: Најмалку две лица повредени во руските напади врз регионот Днепропетровск

Vecer | 31.12.2025

Украина: Најмалку две лица повредени во руските напади врз регионот Днепропетровск

Тој напиша на Фејсбук дека две од повредените лица се хоспитализирани.

Тој истакна дека нападите резултирале со пожари кои брзо биле изгаснати, и дека две куќи биле целосно уништени, додека шест биле оштетени.

„Исто така, оштетени се продавница и неколку автомобили. Погодени се и гасовод и далновод“, рече Хајваненко.

Украинските власти вчера наредија задолжителна евакуација на неколку населени места во округот Синелниково во регионот Днепропетровск. Одлуката се однесува на повеќе од 40 градови и села.

Во текот на ноќта повеќе од 10 дронови ја напаѓаа Одеса, а гласни експлозии се слушаа во градот, објавија локалните канали на Телеграм.

Според нив, нападите се насочени кон енергетската инфраструктура на украинскиот град на Црното Море. Некои области на Одеса се без електрична енергија по серијата експлозии.  Шест лица, меѓу кои и три деца, се повредени во нападот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk