Украинските воздухопловни сили (ВВС) известија дека утринава собориле 14 од вкупно 19 крстосувачки ракети истрелани од Русија.
Според властите, едно лице загинало во нападот во источните и централните делови на земјата.
„Според прелиминарните податоци, лансирани се 19 крстосувачки ракети X-101 и X-155, од кои 14 се уништени“, изјави портпаролот на украинското воздухопловство.
Во нападот едно лице загина во областа Днепропетровск, а четворица се повредени, објави регионален гувернер преку апликацијата „Телеграм“.
Украинските сили продолжуваат со напредувањето кон Мелитопол и Бахмут, додека ги држат своите позиции во други правци, пренесува Укринформ, повикувајќи се на портпаролот на вооружените сили на украинскиот Генералштаб Андриј Ковалев.
- Во двата правци непријателските сили претрпеа загуби во жива сила и воена опрема, нагласи портпаролот.
Осум напади во регионот Запорожје и 24 напади во четири правци во регионот Доњецк беа одбиени, додаде тој. Во правец на Авдеевка, украинските сили продолжуваат да ги задржат московските сили, кои и натаму да се обидуваат да ја опколат населбата. Одбиени 30 непријателски напади.
Уште 14 напади биле одбиени во областите Маринка и Новомихаиловка.
Од 24 февруари 2022 година до 8 декември 2023 година, украинските одбранбени сили елиминирале околу 337.220 руски напаѓачи, вклучително и 990 во последните 24 часа, пренесува Укринформ. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата