logo
logo
logo

Украина и Русија соопштија за нови меѓусебни напади со дронови

Vecer | 22.03.2025

Украина и Русија соопштија за нови меѓусебни напади со дронови

Украинската новинска агенција Укринформ јави дека украинските вооружени сили собориле сто руски беспилотни летала насочени кон цели во јужна, северна и централна Украина

Руските напади со беспилотни летала почнале синоќа во 19 часот и 30 минути по локално време и траеле до утрово во 08:30 часот. Соборените 100 руски дронови

Министерство за одбрана на Русија, пак, соопшти дека пресретнало 47 беспилотни летала во текот на ноќта над регионите Воронеж, Белгород, Ростов, Волгоград и Астрахан. Во украинските напади повредени се шест лица. 

Во Ростов од напад со дрон оштетени се неколку станови и повреди две лица, изјави регионалниот гувернер Јуриј Сљусар.

Во Горловка, дел од отцепената Доњецка Народна Република во источна Украина, дрон удрил во противпожарно возило. Во нападот се повредени четворица пожарникари, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

Русија и Украина ги засилија воздушните напади додека американскиот претседател Доналд Трамп ги притиска Москва и Киев да се договорат за прекин на огнот по повеќе од три години војна./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk