logo
logo
logo

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносниот напад на интернатот во Суџа

Vecer | 02.02.2025

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносниот напад на интернатот во Суџа

Некои од најжестоките борби во последниве месеци се водеа во Курскиот регион, што граничи со Украина, каде што украинските сили зазедоа делови од територијата од почетокот на големиот прекуграничен упад минатиот август.

Украинските вооружени сили на каналот Телеграм објавија дека Русија лансирала бомба од руска територија која погодила интернат во Суџа, при што загинале најмалку четворица.

Во интернатот имало луѓе кои се подготвувале за евакуација.

Според податоците објавени синоќа во 22 часот по локално време, спасени се или укажана им е медицинска помош на 84 лица. Четворица од повредените се во тешка состојба. Спасувачките напори за расчистување на урнатините продолжуваат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот врз Суџа, на 12 километри од границата со Украина, покажува како Русија ја води војната.

-Тие ја уништија зградата иако таму имаше десетици цивили. Вака Русија водеше војна против Чеченија пред неколку децении. Тие убиваа Сиријци на ист начин. Руските бомби на ист начин ги уништуваат домовите на Украина, рече тој.

Руското Министерство за одбрана рано утринава преку Телеграм објави дека украинските сили извршиле „целен ракетен напад врз интернат во градот Суџа“ од територијата на Украина. Вршителот на должноста гувернер на рускиот Курски регион, Александар Хистајн, исто така, ги обвини силите на Киев за нападот и рече дека се уште нема сигурни информации за бројот на потенцијалните жртви.

Портпаролот на украинската војска Олексиј Дмитрашкивски претходно во видео објавено на Фејсбук изјави дека речиси 100 луѓе се под урнатините, а, како што рече, главно постари и изнемоштени луѓе./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk