logo
logo
logo

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот

Vecer | 02.06.2025

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот

Почетокот на средбата е закажан за 12 часот (10:00 часот по Гринич) во палатата Чираган во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Москва ја предложи оваа рунда разговори.

Кон средината на мај, завојуваните страни се состанаа на директни разговори за прв пат од 2022 година. Резултатот од таа средба беше размена на затвореници.

Украинската позиција за оваа рунда разговори вклучува, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, целосно безусловно примирје, ослободување на затворениците и враќање на киднапираните деца.

-За да се создаде траен мир, мора да се подготви и состанок на највисоко ниво, рече Зеленски.

Москва отфрли безусловно примирје, но неодамна сигнализираше подготвеност под голем број предуслови.

-За време на траењето на прекинот на огнот, барем е потребно западните земји да престанат да го снабдуваат со оружје режимот во Киев, а Украина да ја прекине својата мобилизација, изјави во петокот рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, пренесе ДПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk