logo
logo
logo

Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“

Vecer | 20.04.2025

Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“

Како што пренесе Анадолија, повеќе украински медиуми јавија дека Фокс њуз емитувал снимки од Велигденските богослужби што се одржуваат низ целиот свет, вклучително и богослужба во Москва на која присуствувал рускиот претседател Владимир Путин.

Телевизијата, со седиште во Њујорк, исто така, емитувала снимка од богослужбата во главниот град на Украина, кој првично ги означила како „Киев, Украина“.

Сепак, текстот на екранот подоцна се сменил во „Киев, Русија“, и така наводно стоел околу 20 минути пред да биде коригиран.

- Ако тоа беше грешка, а не намерна политичка изјава, треба да има извинување и истрага за тоа кој ја направил грешката, напиша на Х портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхи Тихји. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk