logo
logo
logo

Учесници на синдикалните протести во Брисел приведени поради вандализам

Vecer | 14.10.2025

Учесници на синдикалните протести во Брисел приведени поради вандализам

Според полициското соопштение, станува збор за лица кои се подготвувале за учество во протестниот марш во Брисел, што ќе биде организиран во рамки на генералниот штрајк што се одржува денеска во Белгија. 

- Имаше случаи на палење на предмети, што предизвика прекини во сообраќајот во Брисел, се наведува во полициското соопштение.  

Берт Енгелар од Генералната федерација на трудот на Белгија (АБВВ/ФГТБ), еден од трите синдикати организатори на генералниот штрајк, изрази жалење поради случајот, но нагласи дека тој е резултат на огорченост поради владините политики.  

Сепак, според него, и покрај незадоволството, намерата на синдикатите не била да се предизвикува насилство и уништување.   

- Сакаме мирно да излеземе на улиците, изјави Енгелар за јавниот радиодифузен сервис ВРТ. 

Во Белгија денеска е одржува еднодневен генерален штрајк против мерките на белгиската Владата за поврзани со работничките права и реформите во пензискиот систем во организација на трите главни синдикати во државата. Во прогласот на „обединетиот синдикален фронт“ се наведува дека штрајкот се организира поради социо-економки барања и пред се за „квалитетни и сигурни работни места и фер пензии“. Незадоволство на трите синдикати главно е насочено кон владините одлуки за покачување на старосната граница за пензионирање, за продолжувањето на флексибилното работно време и за намалувањето на надоместоците за ноќен труд. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk