Судијата, исто така, пресуди дека доказите пронајдени во ранецот на Манџоне во моментот на неговото апсење можат да се користат на судењето, објави Си-Ен-Ен.
Полицијата заплени огнено оружје, наполнет шаржер и црвена тетратка, за кои обвинителите велат дека се клучни докази што го поврзуваат со убиството на милионерот.
Одбраната побара да се исклучат доказите, тврдејќи дека ранецот бил претресен без налог и без непосредна закана за да се оправда претресот.
Сепак, судот ги отфрли тие аргументи.
„Убиецот со насмевка“ се изјасни за невин, а датумот на судењето сè уште не е закажан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата