logo
logo
logo

Уапсено е момчето на Албанката чие тело е најдено во куфер во Рим- Италија во шок

Vecer | 02.04.2025

Уапсено е момчето на Албанката чие тело е најдено во куфер во Рим- Италија во шок

Случајните минувачи кои често ја посетувале шумската област во Поли, на периферијата на италијанската престолнина, ја препознале од фотографиите објавени во медиумите и повикале полиција, пишува Corriere.it.

Инспекторите од Одделот за сузбивање криминал се на лице место заедно со пожарникарите кои го извадиле телото. Според првичните извештаи од истрагата, студентката неодамна била во врска со филипински државјанин.

Набрзо бил идентификуван, приведен во полициска станица, а потоа уапсен под обвинение за убиство и прикривање на телото. Иларија Сула студирала статистика на Универзитетот Сапиенца во Рим. Покрај нејзиното семејство кое алармираше на социјалните мрежи, акција за нејзино пронаоѓање презеле и пријателите и колегите кои објавиле бројни фотографии.

Истрагата добила драматичен пресврт откако полицијата синоќа влегла во станот на Филипинецот на улицата Хомс, во африканскиот кварт, каде форензичарите извршиле претрес.

Младото момче (23) со кое жртвата подолго време разменувала пораки вечерта пред нејзиното исчезнување, полицијата го идентификувала и го однела на распит во станица. Според неофицијални информации, тој ја убил студентката прободејќи ја со нож во нејзиниот стан, а потоа го отстранил телото ставајќи го во куфер.

Пред да исчезне, Иларија очигледно брзала да го напушти својот дом за да се сретне со некого. Нејзините родители, кои живеат во Терни, пријавиле дека таа не земала ништо со себе, дури ни шминка, туку дека нејзиниот телефон работел до одреден момент и дека некој дури и одговарал на пораки. Не е јасно дали била таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk