logo
logo
logo

Уапсени шест лица во Србија поради сомневање за загрозување на уставниот поредок

Vecer | 26.06.2025

Уапсени шест лица во Србија поради сомневање за загрозување на уставниот поредок

На неколку локации низ Србија, шест лица на возраст меѓу 47 и 57 години беа лишени од слобода поради сомневање дека организирале активности кои го загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на државата. Меѓу притворените има и поранешни воени учесници од конфликтите во Словенија, Хрватска и Косово.

Според официјалната информација на српските власти, се верува дека на 21 јуни осомничените се сретнале во хотел во Краљево за да планираат насилно менување на власта, као и напади врз државни институции, медиумски куќи и физички напади врз полициски службеници со цел нивно разоружување. Постојат најави дека можело да биде употребено и огнено оружје.

Едно лице дополнително ќе се соочи со кривична пријава за незаконско производство, поседување и тргување со огнено оружје и експлозивни направи.

Сите осомничени добија мерка притвор во траење од 48 часа, а дел од нив денеска би требало да бидат изведени пред надлежните органи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk