logo
logo
logo

Уапсени се над 600 членови на еден од најмоќните нарко картели на светот- голема акција на ДЕА (ВИДЕО)

Vecer | 10.09.2025

Уапсени се над 600 членови на еден од најмоќните нарко картели на светот- голема акција на ДЕА (ВИДЕО)

Акцијата претставува еден од најзначајните удари врз овој моќен мексикански картел, кој се смета за одговорен за поплавување на САД со опасни дроги, според ДЕА, објави CBS News.

Координираните акции биле спроведени од 25 до 29 август на територии опфатени со 23 регионални канцеларии на ДЕА и во седум странски региони, објави ДЕА. Тие резултираа со апсење на 617 лица и запленување на голема количина наркотици.

Според податоците на ДЕА, запленети се 480 килограми фентанил во прав, повеќе од 714 илјади фалсификувани апчиња, 2209 килограми метамфетамин и 7469 килограми кокаин. Исто така, конфискувани се 420 парчиња огнено оружје и готовина и имот во вредност од речиси 13 милиони долари.

„Една од најголемите закани за националната безбедност на САД“

„Апсењата имаа за цел да го разбијат Синалоа, еден од најнасилните и најмоќните нарко-картели во светот, одговорен за поплавување на САД со фентанил, метамфетамин, кокаин и хероин“, соопшти ДЕА.

Во февруари, администрацијата на претседателот Доналд Трамп го означи картелот Синалоа и седум други групи како странски терористички организации. ДЕА продолжува да го смета Синалоа за една од најголемите закани за јавната безбедност и националната безбедност на САД.

„Немилосрдниот картел сака да заработи пари со тоа што ќе ги проткае нашите заедници со отров“

„Овие резултати ја покажуваат посветеноста на ДЕА на заштитата на американскиот народ“, рече директорот на ДЕА, Теренс Кол. „Секој килограм запленет отров, секој долар запленет од картелите и секое апсење што го правиме претставува спасени животи и заштитени заедници. ДЕА нема да се смири додека картелот Синалоа не биде разбиен од горе до долу“.

Брајан М. Кларк, специјален агент задолжен за регионалната канцеларија во Лос Анџелес, изјави: „Досегот на картелот Синалоа е огромен и бескраен. Овој безмилосен картел има намера да заработи богатство со тоа што ќе ги засипе нашите заедници со својот отров, без оглед на човечкото страдање. Затоа работата на ДЕА останува критична и целосно фокусирана.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk