logo
logo
logo

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент

Vecer | 01.09.2025

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент

„Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“.

Парубиј (54) беше еден од видните лидери на проевропската револуција на Мајдан и претседател на Врховната Рада од 2016 до 2019 година. Тој беше застрелан во саботата во Лвов, западна Украина.

Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирил Буданов, ја обвини Русија за убиството, имајќи ја предвид војната која трае од февруари 2022 година.

Парубиј е познат по неговата улога во големите проевропски движења во Украина – најпрво во „Портокаловата револуција“ во 2004 година, а потоа и во Мајданот во 2014 година, кога беше „командир“ на групите за самоодбрана. Протестите беа насилно задушени, што доведе до заминување на прорускиот претседател Виктор Јанукович и негово бегство во Русија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk