logo
logo
logo

Туск тврди дека руски хакери ја нападнале веб-страницата на неговата партија

Vecer | 16.05.2025

Туск тврди дека руски хакери ја нападнале веб-страницата на неговата партија

Група руски хакери ги нападнаа веб-страниците на партијата Граѓанска платформа на полскиот премиер Доналд Туск, изјави тој денеска, додавајќи дека цел на напади биле и веб-страниците на Новата левица и централно-десничарската Полска селанска партија.

-Службите спроведуваат интензивни активности во врска со случајот. Нападот продолжува, напиша Туск на „Х“.

Нападот се случува неколку часа пред почетокот на изборниот молк пред првиот круг од претседателските избори в недела.

Таму, либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски, кој е висок член на владејачката партија Граѓанска платформа, ќе се соочи со историчарот Карол Навроцки, кој го води Полскиот институт за национално сеќавање, како и со кандидатот на крајната десница Славомир Менцен.

Европските влади се во состојба на голема готовност поради знаци на мешање во изборите откако Романија ги поништи резултатите од претседателските избори во декември поради обвинувања за руско мешање, што Москва го негира.

Системите на „Граѓанската платформа“ беа исто така предмет на кибер напад во април. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk