- Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за избувнување на конфликт е многу реална. За неколку или неколку десетици часа, евакуацијата повеќе нема да биде опција. Ве молам, сфатете го сериозно. Претходните искуства покажуваат дека некои ги игнорирале ваквите апели, посочи Туск, кој заедно со министерот за одбрана присуствуваше на тестирањето на нови вооружени системи во градот Желонка.
И полското Министерство за надворешни работи упати апел до Полјаците да го напуштат Иран, а на полските државјани кои долго време живеат и работат во Исламската Република им се препорачува да избегнуваат собири и протести.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата