logo
logo
logo

Туск го демантира Трамп: Упадот на руските дронови не беше грешка

Vecer | 12.09.2025

Туск го демантира Трамп: Упадот на руските дронови не беше грешка

„И ние би сакале нападот на дроновите врз Полска да беше грешка. Но, не е. И ние го знаеме тоа“, напиша Туск на социјалната мрежа Икс.

Коментарот на Туск доаѓа како одговор на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој претходно изјави дека упадот на руските дронови во Полска можеби бил грешка.

„Можеби беше грешка, но без оглед на тоа, не сум среќен поради ништо што е поврзано со целата таа ситуација. Се надевам дека на тоа ќе му дојде крај“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Полска побара дополнителни системи за противвоздушна одбрана и технологија за борба против дронови од своите сојузници, со цел да се заштити од руските упади по инцидентот што се случи претходно оваа недела, кога дронови што ја преминале нејзината територија од Украина и Белорусија беа соборени од силите на НАТО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk