logo
logo
logo

Турција за една година го продолжи мандатот на поморските единици во Аденски Залив

Vecer | 21.01.2026

Турција за една година го продолжи мандатот на поморските единици во Аденски Залив

Парламентот на Турција денеска го одобри декретот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, со кој се продолжува за една година мандатот на турските поморски единици распоредени во Аденски Залив, територијалните води на Сомалија,Арапско Море и соседните региони.

Продолжениот мандат на турските поморски единици почнува на 10 февруари 2026 година. Продолжувањето им овозможува на турските поморски единици да продолжат со своите операции против пиратството, вооружените грабежи и тероризмот на море во регионот на Аденски Залив, клучен за глобалната трговија.

Ердоган во декретот потсетува на резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации усвоени помеѓу 2008 и 2021 година, а се однесуваат на борбата против актите на пиратство и вооружени грабежи извршени во Аденски Залив, територијалните води на Сомалија, Арапско Море и соседните региони. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk