logo
logo
logo

Турција распореди систем „Патриот“ во Малатија поради ракетни закани од конфликтот со Иран

Vecer | 10.03.2026

Турција распореди систем „Патриот“ во Малатија поради ракетни закани од конфликтот со Иран

Турското Министерство за одбрана соопшти дека американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распореден во југоисточната провинција Малатија како дел од мерките на НАТО за зајакнување на противвоздушната одбрана на сојузниците поради ракетните закани поврзани со војната во Иран.

Радарската база на НАТО Куречик, која обезбедува клучни податоци за алијансата и помогнала во идентификацијата на две ирански балистички ракети насочени кон Турција, се наоѓа во Малатија, објави порталот на весникот „Сабах“.

Во соопштението турското Министерство за одбрана наведе дека Анкара ќе продолжи да соработува со сојузниците од НАТО и да го следи развојот на ситуацијата во регионот.

„Турција ги одржува своите одбранбени и безбедносни капацитети на највисоко ниво и ќе продолжи да ја оценува соработката и консултациите со НАТО и со нашите сојузници, со цел регионален мир и стабилност“, се наведува во соопштението. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk