logo
logo
logo

Турција привремено го прекина извозот на лимон

Vecer | 08.04.2025

Турција привремено го прекина извозот на лимон

-Како резултат на студиите спроведени од Министерството во врска со студеното време и смрзнатини на растенијата во градовите Адана, Мерсин и Хатај, беше утврдено дека би било корисно да се преземат неопходните мерки, се вели во соопштението на Министерството во кое се најавува привремена суспензија на извозот на лимон.

Министерството нагласува дека мерката е изречена со цел да се одржи рамнотежата на цените на турските пазари и да се спречат шпекулациите со цените на производите. Од министерството наведуваат дека будно ја следат состојбата и се подготвени да воведат дополнителни мерки доколку има потреба.

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Турција е рангирана на четвртото место во светот во однос на растот на извозот на лимон, со 2021 година. Земјата извезла над 550.000 тони лимони, генерирајќи над 180 милиони долари. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk