logo
logo
logo

Турција: Поради шумските пожари евакуирани над 50.000 луѓе

Vecer | 30.06.2025

Турција: Поради шумските пожари евакуирани над 50.000 луѓе

- Над 50.000 граѓани од 41 место привремено се дислоцирани во безбедни подрачја, објави Агенцијата за вонредни ситуации на платформата Икс.

Најпогоден е округот Сеферихисар во провинцијата Измир, каде гори од вчера. Вкупно 42.300 луѓе се евакуирани од шест локалитети во Сеферихисар, додека 2.936 и 1.500 луѓе беа преместени од окрузите Маниса и Хатај, соопшти Агенцијата, додавајќи дека 79 лица беа накратко хоспитализирани.

Во окрузите Измир, пожарот оштети 132 куќи и една деловна зграда, додека во Билеџик погодени се 64 куќи, три деловни згради и 20 амбари.

Гаснењето на огнот продолжи утрово во окрузите Измир и Маниса, а денеска изби шумски пожар  во близина на центарот на градот Хатај, што предизвика паника кај населението. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk