logo
logo
logo

Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 11 милиони евра во близина на турско-сириската граница

Vecer | 24.04.2026

Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 11 милиони евра во близина на турско-сириската граница

 Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 590 милиони турски лири (11,2 милиони евра) во специјализирана операција во областа на турско-сирискиот пограничен град Џизре (покраина Ширнак), објави ТРТ Хабер, повикувајќи се на соопштение од турската Генерална дирекција за безбедност.

Во соопштението се наведува дека како дел од операцијата против шверц спроведена вчера во регионот Џизре, полициските единици запреле и претресле сомнително возило.

„За време на операцијата, запленети се 30 златни плочки од по еден килограм, 85 грама злато поделено на 66 делови, 90.600 долари и 7.470 евра“, се вели во соопштението на Дирекцијата, во кое се наведува и дека е покрената судска постапка против тројца осомничени во случајот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk