Нивната годишна одисеја започна со летните дождови на јужната хемисфера во текот на викендот од 18 до 19 октомври.
Се очекува до 100 милиони ракови да ги напуштат своите засолништа и да стигнат до брегот на океанот, каде што се размножуваат.
Локалните 1200 жители на островот, се обидуваат да ги исчистат улиците и патиштата колку што можат во пресрет на оваа инвазија на црвени ракови.
Локалното население на островот, кој е наречен „Галапагос на Индискиот Океан“, користи гребла и други алатки за чистење на своите градини и помагање на раковите на нивниот пат, објавува „Фигаро“.
„Некои луѓе можеби мислат дека раковите се непријатност, но повеќето од нас сметаат дека е привилегија да можеме да бидеме сведоци на ова искуство“, рече службеничката на Службата за национални паркови на Божиќниот Остров, Алексија Јанковски. Таа истакна дека островот е дом на 200 милиони ендемски видови ракови, познати и како Gecarcoidea natalis. На брегот на океанот, женските ракови положуваат јајца што ги пуштаат во океанот за време на плимата на 14 или 15 ноември.
Потоа младите поминуваат еден месец лебдејќи по океанските струи како ларви, пред да се вратат на островот како млади ракови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата