Идентитетите на починатите нема да бидат објавени додека не бидат известени најблиските роднини, според објава на мрежата „X“. Инцидентот се случил околу 14 часот по источно време вчера, а спасувачките операции се во тек.
Околностите на падот се истражуваат, но првичните извештаи покажуваат дека авионот не бил соборен од непријателски или пријателски оган.
ЦЕНТКОМ претходно соопшти дека авион за полнење гориво KC-135 бил изгубен во „пријателскиот воздушен простор“ над Ирак за време на операциите поврзани со војната против Иран, додека е во тек операција за пребарување и спасување на екипажот.
Во инцидентот, според ЦЕНТКОМ во објава на социјалната мрежа „X“, учествувале два авиона, од кои едниот се урна во западен Ирак, додека другиот слета безбедно.
Додаде дека повеќе информации ќе бидат објавени како што се развива ситуацијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата