logo
logo
logo

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли

Vecer | 08.07.2025

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли

Вкупно, цените на овие метали – клучни за високотехнолошко производство во електрониката, автомобилската и одбранбената индустрија – пораснале за 8 проценти во доларски износ. Некои елементи забележале и поголем раст: тербиумот се зголемил за речиси 19 отсто, гадолиниумот за 17 отсто, а самариумот за повеќе од 15 отсто.

Овој пораст следи по најавата на Пекинг во април за нови ограничувања на извозот на неколку ретки елементи, како одговор на најавените царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кина обработува околу 90 отсто од индустриските ретки земни метали во светот, според различни проценки. Цените достигнаа рекордни вредности во 2022 година за време на пандемијата, кога глобалните синџири на снабдување беа нарушени.

Германската федерација на индустријата (BDI) неодамна предупреди дека растечката зависност на Европа од Кина за критични суровини претставува стратегиски ризик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk