Трудо ја потврди поддршката на Канада за Киев и „нагласи дека не може да има одржлив мир во Европа без безбедност за Украина“.
Канадскиот премиер телефонски разговараше и со италијанската колешка Џорџа Мелони. Според украинските медиуми, Мелони потврди дека „приоритетот на Италија е ист како и на другите од Европа, НАТО и Киев е да направи се што е можно за да се запре конфликтот и да се постигне мир.
- Храброста и решителноста на Украинците, заедно со поддршката на Западот, беа факторите што ги создадоа условите за преговори за евентуален мировен договор денес. Италија, заедно со САД и нејзините европски и западни партнери, работи на траен мир во Европа, кој бара реални и ефективни гаранции за безбедноста на Украина, посочи Мелони.
Претходно и претседателот на Франција, Емануел Макрон на Икс објави дека телефонски разговарал со Зеленски за најновите дипломатски напори и да ги подготви следните чекори, вклучително и за неговото патување во Вашингтон следната недела.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата