logo
logo
logo

Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

Vecer | 04.03.2025

Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

-Доколку стапат во сила царините на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер. „Канада нема да ја остави оваа неоправдана одлука без одговор“, рече Трудо.

Тој ја повика американската администрација да ги преиспита своите тарифи и рече дека Канада „останува непоколеблива“ во одбрана на својата економија, работни места и работници.

-Нашите тарифи ќе останат на сила се додека не се укинат американските трговски дејствија, а ако не се укинат американските тарифи, ние сме во активни дискусии со провинциите и териториите за спроведување на неколку нетарифни мерки, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk