logo
logo
logo

Тројца загинати меѓу кои и тригодишно девојче, кога се преврте туристички брод на Дунав (ВИДЕО)

Vecer | 30.07.2025

Тројца загинати меѓу кои и тригодишно девојче, кога се преврте туристички брод на Дунав (ВИДЕО)

Трагедијата се случи поради неверојатна низа грешки и непочитување на основните правила за безбедност на вода.

Возачот на бродот, 33-годишен воен човек, ја игнорираше забраната за пловидба што беше во сила од раните попладневни часови поради високите бранови, кои достигнуваа висина до два метра. Покрај тоа, бродот беше преоптоварен, со 14 патници, иако максималниот дозволен број беше 12, вклучувајќи го и капетанот.

Бродот го напушти пристаништето Сулина околу 18:30 часот и се упати кон морето, свртувајќи во плиткиот залив Мусура. Таму, поради брановите и ненадејното опаѓање на нивото на водата, моторот го погоди дното, а потоа огромен бран го преврте бродот. Преживеаните рекоа дека биле заробени под бродот повеќе од половина час, борејќи се за воздух во мал џеб под трупот.

„Успеав да излезам, но моето дете остана под бродот околу 30 минути. Преживеа бидејќи можеше да го дише меурот воздух што остана. Ми помогнаа да ја извадам, капетанот, другите преживеани и спасувачите што пристигнаа“, изјави еден преживеан за романската телевизија „Обсерватор“.

Први на помош дојдоа сопствениците на други чамци од блиската област, а потоа и бродови на брзата помош и граничната полиција. За жал, четворицата туристи пронајдени во несвест не преживеаа. Меѓу нив биле жена (63) од Хуши, маж (62) од Галаци, татко (43) и тригодишно девојче, Романци кои живееле во Шпанија и кои дошле на одмор. Мајката на девојчето преживеала.

Сите патници носеле елеци за спасување, освен малото девојче. Сепак, познаник на капетанот рече: „Ако се преврти ваков чамец и имате елек за спасување, тешко е да излезете. Елекот за спасување ве крева на дното на чамецот, бидејќи сте под трупот.“

Десет преживеани, меѓу кои и девојчиња на возраст од 12 и 17 години, се однесени во одделот за итни случаи во Сулина, прегледани и пуштени.

Капетанот на бродот е меѓу преживеаните, но веќе е под истрага за низа сериозни грешки.

„Уште во 13:15 часот, Бара Сулина беше прогласена за непрактична за пловидба. Беше јасно дека брановите високи два метра не дозволуваат безбеден влез во морето“, рече Дан Иќим, директор на пристаништето во Тулча.

И покрај ова, капетанопт одлучи да исплови и ги качи на бродот туристите што ги најде во пристаништето. Тој зеде еден повеќе отколку што беше дозволено.

Експертите предупредуваат дека вакви трагедии може да се случат повторно. Туристичките бродови, како оној што се преврте, не бараат посебна дозвола за превоз на туристи, ниту за превоз помеѓу Тулча и Селина. А има десетици такви бродови.

Поради неговиот воен статус, случајот го презеде Воениот обвинител. Засега, капетанот е казнет со 20.000 леи, а неговата лиценца е суспендирана на 60 дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk