logo
logo
logo

Тригодишно девојче од Италија се застрела со пиштол,што го нашла на ноќната масичка во спалната

Vecer | 13.01.2025

Тригодишно девојче од Италија се застрела со пиштол,што го нашла на ноќната масичка во спалната

Моментално е во тешка состојба во болница во Бергамо, објави Анса.

Девојчето ја пронашло беретата на нејзиниот татко во собата и се застрелала во образот, при што куршумот продрел во черепот и по пат ѝ го оштетил мозокот. Веднаш по инцидентот, кој се случил на 1 јануари, девојчето било хоспитализирано.

Според зборовите на таткото, тој законски ја поседувал беретата, а пиштолот бил на ноќната масичка во спалната соба бидејќи се плашеле крадци да не упаднат во куќите во населбата на новогодишната ноќ.

За време на испрашувањето, двајцата сопружници дале различни верзии за тоа кој го ставил пиштолот во спалната соба за да биде лесно достапен за нивните две ќерки, на возраст од три и пет години.

Засега е извесно дека инцидентот се случил на 1-ви јануари околу 16 часот, а родителите прво слушнале пукање, а потоа и вресок на девојчето. Тие влегле во собата и ја нашле ќерката тешко ранета во лицето. До неа била нејзината постара петгодишна сестра.

Точниот редослед на настаните и која од двете девојчиња го повлекла чкрапалото се уште е нејасно.

Таткото и мајката во моментов се под истрага на Обвинителството за поседување наполнето оружје кое било оставено на небезбедно место и на дофат на деца.

Нечувањето оружје е прекршок кој се казнува со затвор од еден до три месеци или парична казна до 258 евра. За прекршок од небрежност (т.е. ненамерно) е пропишана затворска казна до три месеци или парична казна до 309 евра. Доколку повредата е сериозна, казна затвор од еден до шест месеци или парична казна од 123 до 619 евра и, конечно, ако повредата е многу сериозна, од три месеци до две години или парична казна од 309 до 1.239 евра.

Според Валерио де Џоја, советник на првиот кривичен оддел на Апелациониот суд во Рим, санкциите би биле исти доколку девојчето го пронашла оружјето во плакарот, а не на масичката покрај креветот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk