logo
logo
logo

Три лица загинаа во невремето во северна Италија

Vecer | 18.04.2025

Три лица загинаа во невремето во северна Италија

Телата на 64-годишен маж и неговиот 33-годишен син, чиј автомобил бил однесен од порој, се пронајдени во близина на Виченца во североисточната провинција Венето.

Претседателот на провинцијата Венето, Лука Заија, изрази сочувство за жената која ги загуби сопругот и синот и рече дека тоа е „незамислива трагедија“.

Двајцата се пријавиле како волонтери и биле на пат да помогнат во спасувачките операции кога се случила несреќата.

Маж (90) вчера беше пронајден во неговата поплавена куќа во Пиемонт во северозападниот дел на земјата.

Северна Италија, како и француските и швајцарските Алпи, вчера ги зафати силен дожд кој прерасна во снег на повисоките места, што доведе до бројни блокади на патиштата поради лизгање на земјиштето и поплави.

Десетици луѓе мораа да бидат евакуирани од поплавените подрачја, многумина заедно со нивните домашни животни.

Во долината Аоста, околу 5.000 семејства синоќа останаа без струја, соопшти локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија. 

Фото: ЕПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk