logo
logo
logo

Трамп: Знаеме каде е ајатолахот Хамнеи, но нема да го убиеме, барем не засега

Vecer | 17.06.2025

Трамп: Знаеме каде е ајатолахот Хамнеи, но нема да го убиеме, барем не засега

Тој на сопствената мрежа „Трут соушл“ (Truth social) објави дека знае каде се крие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, но оти засега не е планиран напад врз него.

- Точно знаеме каде се крие така наречениот „Врховен лидер“. Тој е лесна мета, но таму е безбеден – Нема да го извлечеме од таму (убиеме!), барем не засега. Но, ние не сакаме проектили да убиваат цивили или американски војници. Нашето трпение при крај. Ви благодариме за вашето внимание!

Претходно, американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници објави дека Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.

Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот.

Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ракетна програма, но е против планот за соборување на Исламската Република со сила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk