logo
logo
logo

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

Vecer | 07.07.2025

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

- Секоја земја што се согласува со антиамериканската политика на БРИКС ќе плати ДОПОЛНИТЕЛНА царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“.

Неговата изјава уследи откако земјите-членки на БРИКС ја критикуваа царинската политика, предложија реформи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и начинот на кој се одредува вредноста на клучните светски валути.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент вчера изјави дека царините што ги објави Трамп уште во април ќе стапат на сила на 1 август за сите земји што дотогаш нема да постигнат договор со неговата администрација.

Лидерите на БРИКС вчера и денеска учествуваат на Самитот во Рио де Женеиро, од каде повикаа на реформа на глобалните институции и го претставија сојузот како платформа за дипломатија во време на зголемени трговски конфликти и геополитички тензии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk