logo
logo
logo

Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Vecer | 11.05.2025

Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

„Помислете на стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако се надеваме дека ова бесконечно „крвопролевање“ ќе заврши. Тоа ќе биде сосема нов и многу подобар свет. Ќе продолжам да соработувам со двете страни за да се осигурам дека тоа ќе се случи. САД сакаат наместо на тоа (војна) да се фокусираат на обнова и трговија. Пред нас е голема“, објави Трамп на Трут Соушл. 

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа на прес-конференција предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, „без никакви предуслови“ на 15 мај во Истанбул. 

Тој рече дека лично ќе му се обрати на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да ги организира преговорите.

Рускиот лидер додаде дека Русија е фокусирана на водење сериозни преговори со Украина за да се отстранат основните причини за конфликтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk