logo
logo
logo

Трамп воведе санкции против Русија, на удар „Роснефт“ и „Лукоил“

Vecer | 24.10.2025

Трамп воведе санкции против Русија, на удар „Роснефт“ и „Лукоил“

 На удар се најдоа  руските нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“, кои извезуваат над три милиони барели дневно. Одлуката доаѓа по продолжените руски напади врз цивили, максимиалистичките барања кон Киев и одбивањето за прекин на огнот, кои за Трамп биле сигнал дека нема простор за напредок. Американскиот претседател претходного откажа и планираниот мировен самит со Путин во Будимпешта, и најави дека санкциите се само почеток на засилен притисок врз Кремљ. Путин признава дека санкциите ќе имаат последици врз руската економија, но дека таа ќе остане стабилна. Трамп пак, му возврати да почека половина година. 

-Ова е секако непријателски акт кон Русија. Тоа е очигледно и не помага во зајакнување на руско-американските односи кои само што почнаа, колку, толку, да се подобруваат. Ваквите акции од американската администрација секако ги нарушуваат руско-американските односи- Владимир Путин – Претседател на Русија.

-Претседателот Путин во суштина кажа дека Русија е имуна на санкции од САД. Рече дека тоа нема да влијае врз руската економија на било каков сериозен начин. / Добро, мило ми е ако се чувствува така. Тоа е добро. Ќе ви кажам како ќе биде за шест месеци од сега. Ајде да видиме. Ајде да видиме како се ќе се одвива,- - Доналд Трамп- Претседател на САД.

Иако експресно поздравени од дел од западните сојузници, сепак американските санкции отворија и прашања за обемот на нивната примена. Унгарскиот премиер Орбан најави дека неговата влада веќе работи на начини како тие да се заобиколат, а германскиот Канцелар Мерц ќе побара од американските власти да ја ослободат германската единица на „Роснефт“ каде неговата земја поседува 50 проценти.

-Се отвора прашањето дали воопшто сме опфатени со ова (санкциите) бидејќи американската влада соопшти дека потребен е минимум од 50 проценти (руско сопствеништво) тоа е на 50 проценти. Ќе разговараме за ова со САД, но верувам дека ќе има исклучок за „Роснефт“- Фридрих Мерц – Канцелар на Германија.

Американските санкции според проценките би можеле да ја чинат Русија и до 40 милијарди долари годишно, и значително да влијаат врз цената на нафтата на глобално ниво. Одлуката на САД во меѓувреме, ги поколеба и кинеските компании кои најавија дека нема дека привремено ќе прекинат со купување на руска нафта, а ограничување на увозот најави и Индија. Санкциите кон руската нафтена индустрија дојдоа истовремено со 19 пакет на санкции кон Русија кои вчера беа донесени на самитот на ЕУ во Брисел. Лидерите на Унијата се согласија да ги поддржат финансиските потреби на Украина, но не и да се искористат замрзнатите руски средства за воена помош за Украина. Одлуката за нивно користење е одложена за декември, пред се, поради противењето на белгискиот премиер Барт де Вевер кој оцени дека таква одлука не била донесена ниту за време на втората светска војна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk