„Дали некој видел колку лоша ѝ оди на земјата Шпанија? Нивните финансиски индикатори, и покрај тоа што речиси ништо не придонесуваат за НАТО и нивната одбрана, се апсолутно ужасни. Жално е да се гледа!!!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Шпанија е меѓу најгласните критичари на одлуката на САД да започне напад врз Иран, но не е јасно што ја предизвика најновата реакција на Трамп.
Самит во Барселона
Шпанската влада организира самит „Глобална прогресивна мобилизација“ во Барселона овој викенд, на кој ќе присуствуваат левоориентирани политички лидери од Европа и Латинска Америка.
Иако Трамп не беше директно споменат во јавни изјави, шпанскиот премиер Педро Санчез рече: „Сите гледаме напади врз мултилатералниот систем, повторени обиди за поткопување на меѓународното право и опасната нормализација на употребата на сила“.
Таа изјава е широко протолкувана како критика кон Трамп, особено затоа што Санчез претходно не ги криел своите ставови за американскиот претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата