Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, кој им се придружи на светските лидери кои изразија поддршка за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
„Ви благодарам, претседателе Путин“, напиша Трамп на Truth Social.

Путин, како потсетување, денеска изјави дека Трамп „прави многу за мирот“, наведувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример, но додаде дека не е негова работа да одлучи дали американскиот претседател ја заслужува Нобеловата награда за мир.
Доколку мировниот договор за Газа успее, тоа ќе биде „ништо помалку од историски настан“, рече Путин.
Многу коментатори веруваат дека Путин свесно го пофалил Трамп за да го нахрани своето его и да го охрабри Вашингтон да заземе пристап кон војната во Украина што би бил поповолен за Москва.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата