logo
logo
logo

Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина ако Пекинг започне трговски преговори со САД

Vecer | 23.04.2025

Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина ако Пекинг започне трговски преговори со САД

На брифингот во Белата куќа, Трамп и неговиот министер за финансии Скот Бесент зборуваа за деескалација на трговската војна со Кина.

- Тие значително ќе се намалат, но нема да бидат нула, рече тој, сигнализирајќи можна деескалација на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Изјавите доаѓаат по нестабилна реакција на финансиските пазари, што според аналитичарите довело до загриженост на Трамп. Неговиот министер за финансии нагласи дека САД не сакаат целосно да ја прекинат трговијата со Кина.

Двете најголеми економии во светот една на друга воведоа речиси блокирачки царини. Според аналитичарите, „пазарите реагираа панично и непредвидливо, а Трамп се исплаши“.

Аналитичарите оценуваат дека Белата куќа брза кон договор поради падот на берзите и зголемените приноси на државните обврзници.

Кинеските власти официјално не реагираа, но локалните медиуми и социјалните мрежи забележаа промена во тонот на Трамп. Во Кина, коментарите беа протолкувани како знак на отстапка од претходната агресивна тарифна политика.

Трговската тензија кулминираше откако САД воведоа нови царини од 10 отсто на увозот од сите земји и најавија повисоки стапки за стоки за над 60 земји, додека царините за кинески производи беа означени до 145 отсто. Кина возврати со немера да воведе 125 отсто царини за стоки од САД. Одложувањето на дел од мерките за 90 дена само делумно го ублажи ударот врз пазарите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk