logo
logo
logo

Трамп вели дека непостигнувањето договор ќе биде „многу трауматично“ за Иран

Vecer | 13.02.2026

Трамп вели дека непостигнувањето договор ќе биде „многу трауматично“ за Иран

- Ќе биде многу трауматично за Иран ако не постигнат договор – изјави вчера Трамп во Белата куќа.

Тој додаде дека Иран требало да се согласи на договор уште минатата година, кога Вашингтон и Техеран преговараа за спорната нуклеарна програма на Иран.

По средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп завчера истакна дека претпочита договор со Иран пред воена акција. Тој додаде дека тој самиот ќе одлучи како ќе постапат САД, опишувајќи ги разговорите со Нетанјаху како „многу добри“.

Израел долго време предупредува против каков било договор што е ограничен само на нуклеарната програма на Исламската Република. Еврејската држава го повика Иран, својот вечен непријател, да го намали арсеналот на балистички ракети и поддршката за сојузничките групи во регионот, потсетува ДПА.

Некои функционери во американската администрација исто така притискаа за пошироки барања. Сепак, Трамп генерално ги држеше целите на САД во неодамна обновените преговори со Иран релативно нејасни. Техеран инсистираше на тоа дека е подготвен да преговара само за нуклеарното прашање.

Откако Иран насилно ги потисна масовните протести, при што беше објавено дека се убиени илјадници демонстранти, Трамп му се закани на Техеран со воена интервенција и го зајакна американското воено присуство во регионот, вклучително и со носачот на авиони „Ју-Ес-Ес Абрахам Линколн“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk