logo
logo
logo

Трамп удри и на имигрантите во Масачусетс- почна голема акција

Vecer | 07.09.2025

Трамп удри и на имигрантите во Масачусетс- почна голема акција

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна операција во државата Масачусетс за апсење и депортирање на недокументирани имигранти, објавија „Њујорк тајмс“ и медиумите во Бостон, повикувајќи се на Министерството за внатрешна безбедност, кое соопшти дека цел на операцијата биле „криминални странци“ кои живеат во државата.

Како што објави „Ројтерс“, Министерството за внатрешна безбедност и неговата служба за имиграција и царина (ICE) ја нарекоа тековната операција против имигрантите „Патриот 2.0“.

Се очекува операцијата да трае неколку недели, а како што е најавено, операцијата „Патриот 2.0“ е фокусирана на имигрантите кои се ослободени од притвор.

Министерството за внатрешна безбедност во соопштението наведува дека „ICE апси сексуални престапници, педофили, убијци, дилери на дрога и членови на банди кои се ослободени од локалните власти“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk